МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Давор Дишлиевски второпласиран на Тиквешкиот пливачки маратон 2015

Во организација на Пливачката федерација на Македонија и локалната самоуправа на град Кавадарци, во неделата, 6 септември на Тиквешкото езеро се одржа Македонскиот куп во далечинско пливање на 5 и 10 километри за професионални пливачи и рекреативна трка на 2.5 километри за рекреативни пливачи.

Од вкупно пријавените 14 пливачи од кои две девојчиња, во рекреативно пливање најдоброто време го постигна Шијаков Филип од Штип, со време 56:29, второпласиран е Давор Дишлиевски од Ваташа, Кавадарци кои патеката ја исплива за време од 58:12, а трето пласиран е Нашков Ристе 59:04. Покрај првите три пласирани, патеката ја испливаа и нашите сограѓани Димков Саше и Атанасов Методија.

Организаторот Д-р. Бошко Илиев, долгогодишен лубител и маратонски пливач изјави дека овој спортско-туристички настан ќе прерасне во традиција на нашиот град, со што е можно поголем број на пливачи како од нашиот, така и од останатите градови во Македонија, пред се затоа што и Тиквешкото Езеро заслужува да биде редовна дестинација за љубителите на пливањето.