Кавадаречките ракометари утре од 10 часот ке се сретнат со Струга а од 18 часот ке играат со домакинот Прилеп
Денеска стартува меѓународниот меморијален турнир „Миле Нешкоски“ во организација на РК Прилеп кој ќе трае до 2 септември. Од домашното првенство учествуваат екипите на Прилеп, Струга, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2 и КЛ7 а меѓународен карактер на турнирот ке му даде екипата на Дубочица од Лесковац, соседна Србија.Учениците ќе бидат поделени во две групи со по три екипи. Екипата на ГРК Тиквеш е во групата А со домакинот Прилеп и тимот на Струга додека во групата Б се екипите на Еурофарм Пелистер 2, КЛ7 и Дубочица. Кавадаречките ракометари двете средби од групата ке ги одиграат утре, среда и тоа во 10 часот ке играме со Струга а во 18 часот со домакинот Прилеп. Во зависност од пласманот во групите во четврток на 2 сепштември ке се одиграат средбите за 5 место за 3 место и финалето. Сите средби ке се играат во салата при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп.
М.В.