МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Навивачката Бригада 12 организира турнир во мал фудбал посветен на нивните прерано починати другари

Со турнир во мал фудбал во организација на членовите на навивачката група Бригада 12, кавадарчани уште еднаш се потсетија на Митко Влајков, Дуле Јованов, Виктор Стојановски-Пират и сите оние кои својата поддршка ја даваат од небото.

Во нивна чест, и годинава повеќе од 200 млади кавадарчани се обединија и со пријателски турнир во мал фудбал потврдија дека споменот кон сите оние кои физички не се помеѓу нас останува за на век.

Екипата на Црвено-Бели и годинава го освои пехарот за најдобар тим во конкуренција на осум екипи, откако во супер интересното финале славеа со 6-5 над екипата на Ултраси.