МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Промотор на новите изданија беше Вероника Костадинова

Во Галеријата на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, се одржа промоција на книгата поезија “На прошетка“ и “Сликовница за предшколска возраст“ на авторот Трајанка Ристова.

-Во првата книга се зборува за животот на една млада жена која потекнува од Кавадарци , во која се раскажува за нејзината животна судбина.Описно Ристова ни ги доближува нејзините средби со блиските од семејството, конкретно со авторот на книгата, и притоа се настојува да се доближи до читателот околината ,местата,средбите,намерите, вели Костадинова

- Настаните се верно опишани, без фантазирање, рече Ристова.И покрај неколкуте трагедии кои ми се случиле во семејството смогнав сили да со помош на вишата сила да пишувам и на тој начин да ги релаксирам мислите за полесно да ја пребродам болката во душата.Затоа и ја напишав книгата во која се внесени поведри случувања.Она што го доживеав по раѓањето на најмалата керка која ја родив на 45 години,ми дава за право да упатам порака до сите млади жени: Раѓајте.Тоа е радост која е неизмерна поради што ниедна обврска за децата не е тешка, вели Ристова.

Што се однесува за сликовникцата, таа е наменета за децата, од претшколска воздраст, но за оние кои се повозрасни.Родителите, бабите и дедовците и оние кои чуваат деца можат сликовницата да им ја читаат и раскажуваат затоа што таа содржи работи за кои децата треба да знаат уште од најмали години.

Потоа таа прочита извадоци и од двете нејзини најнови дела.