Во Домот на културата „Иван Мазов- Климе“ од Кавадарци синоќа премиерно беше прикажана комедијата во изведба на приватната продукција Театар Крик од Скопје.
Пред кавадаречките љубители на театарот синоќа се претстави приватната продукција-Театар Крик со пресставата;„Првин ке ме земеш апосле ке ме ... во режија на Ѓорѓи Ризески и костимографија на Елебна Лука.
Во претставата играат Мирјана Поповска Ристов, Роберт Ристов и Дарко Вељиќ.
– Се работи за реално шоу во кое во центарот на вниманието се двајца во поодминати години, триесетгодишна девојка која е решена до својот триесетти роденден да се мажи и маж со еден неуспешен брак зад себе, решен никогаш повеќе да не влезе во брачните води, изјави Ристов, кој е еден од тројцата основачи на оваа театарска трупа.