МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Достојно на јубилејот 75 години од масакрот во Ваташа на Моклиште, денеска се одржа чествување за настанот ,кој е трајно врежан во сите нас македонци

Денеска во Моклиште пред споменикот на 12-младинци кои беа стрелани од бугарскиот фашистички окупатор на денешен ден 1943 година, се одржа исторски час и се потсетивме на денот кога пред 75 години беа на зверски начин лишени од животот, 12-те гороцвети во најубавата младост.

Беа присутни блиски роднини и пријатели, соселани на семејствата на 12-те младинци, кои засекогаш ке останат во колективната меморија.Тие запалија свеќа и положија цвеќиња на нивното вечно почивалиште во Моклиште кај меморијалниот споменик.

Цвеќиња во нивна чест положи делегација на Општината-предводена од градоначалникот Митко Јанчев ,делегации на Советот на Општина Кавадарци, на Месната заедница Ваташа, на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, ОО на СДСМ, на АРМ, на Сојузот на борци од НОБ,На здружението на ветерани од војната 2001,СЗБ-Неготино и претставници на Здужението “Мото Рајдерс„- навивачката група “Лозари исток „ и други.

Пред започнување на прграмата големо и пријатно изненадување присутните доживејаа со истакнување на паролата КРВОПИС Е И ВАТАША со исполнување на рефрен од песната на Ванчо Тарабунов.Ова вклопување во годинашното одбележување го направи навивачката група „Лозари исток“ кои потоа запалија бакли симбилично покажуваќи ги нашиот непокор и вечно сеќавање за настанот од пред 75 години.Досега недоживеана содржина која сите со громогласен аплауз ја поздравија.

Присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, со чија заложба по 50 години уреден е Спомен паркот а истиот допрва ке доживее достојно реновирање и уредување на целиот комплекс.Јанчев го нагласи нашиот стремеж да не ја заборавиме жртвата која е дадена за слободата.Овие генерации треба да го ценат минатото за да имаат сигурна иднина.„Да ја оправдаме нивната борба и никогаш да не ги заборавиме“ рече Јанчев.

ЗА самиот настан, со хронологија на стрелањето зборуваше Марија Михова кустос историчар од Мјузеј галеријата во Кавадарци.Таа ги опиша сите настани кои му преходеле на стрелањето од страна на бугарските фашисти, приликите тоа време самиот масакар и казната која ги стигнува убијците.Присутните ги поздрави и претседателот на Сојузот на Борци на Македонија д-р Никола Стојановски .Потоа беше изведена и пригодна културно уметничка програма во која настапија ; Катерина Танева,хорот и ученици од ООУ„Димката А. Габерот“- село Ваташа.

На видеото РТК.МК ви ја прикажува Свечената академија од 15 јуни во Ваташа и прославата на 75-годишнината одржана денеска 16 јуни на Моклиште.