МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Победа на на кавадарчани со три иако имаа можност да победат со поголем број кош поени разлика

И покрај позитивата од 18, осумнаесетте погодени тројки, и фантастичните 39 поени на неверојатниот Матија Чешковиќ, Фени во Тивот ќе патува со позитива од само три поени, 100-97, пред се поради очајно лошата одбрана на тимот чија главна одлика беше токму затворањето на приодите кон сопствениот кош. Незадоволството од финалниот резултат е очекувано, но можеби ваквиот резултат од психолошки аспект е подобар, затоа што избраниците на Малинков во реваншот ќе морат да влезат многу посериозно и помотивирано отколку при предност од петнаесетина поени.

121212121_1.jpg

По воведната предност на гостите, Чешковиќ му го донесе првото водство на домашните играчи, најавувајќи го своето шоу. Предноста стана константна, па веќе на крајот од воведниот период Фени имаше +4, 21-17. Избраниците на Малинков продолжија со добрата игра и во вториот период, за по само пет минути игра да стигнат до највисоките на натпреварот +18, 42-24. По тајм аутот на некогашниот предводник на Фени, Мирослав Кадија, Тиват се врати со серија од 12-0 и се доближи на само -6, 42-36, за да Фени Индустри се соземе и до крајот на првото полувреме повторно поведе со двоцифрена предност (53-43).

_ФЕНИ_ТЕОДО_3.jpg

По паузата за полувреме следуваше изедначен трет период во кој Теодо успеа да надополни три поени од негативата од 19, повторно спуштајќи ја предноста на Фени Индустри на едноцифрени 7 поени, 72-65. Лошата игра во одбрана на кавадаречките кошаркари продолжи и во последните 10 минути, во кој примија 32 поени, а дадоа 28, вклучувајќи ја и тројката на Чешковиќ на секунда до крајот за победа од 100-97.

Магичните 39 поени Чешковиќ ги надополни со уште 5 асистенции, а покрај него повторно одлични беа Џекиќ со 18 и Петровски со 17 постигнати поени. Кај гостите најдобри беа Поповиќ со 25 и Милан Станојевиќ кој запиша 23 поени зад своето име.

_ФЕНИ_ТЕОДО_2.jpg

(Видео прилог и изјави по натпреварот на :Матија Чешковиќ-КК„Фени“, Љупчо Малинков-тренер на КК„Фени“, Рајко Кривокапиќ-пом.тренер на КК„Теодо“ и Мирослав Дамјановиќ-кошаркар на КК„Теодо“).