МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГРУПАТА А ВО РАКОМЕТНАТА СУПЕРЛИГА ПАУЗИРА ЗАРАДИ ТОА ШТО 4 ЕКИПИ ПРИЈАВИЈА ПОЗИТИВНИ НА КОРОНА

Викендов се одиграа средбите од 3 коло во машката ракометна суперлига но само оние од групата „Б“ бидејки групата „А“ е ставена во мирување поради фактот што 4 екипи пријавија заразени од ковид вирусот. Онаму каде се играше се помина според очекувањата.На сите натпревари славеа гостинските екипи. „Прилеп“ со сигурна игра дојде до првите бодови против составот на „Работнички“, „Еурофарм Пелистер 2“ на гостувањето кај „Младост“ само потврди дека сезонава има квалитет да парира на секого. На натпреварот во Кавадарци „Бутел Скопје„ и пред средбата беше голем фаворит против „ГРК Тиквеш„ и тоа го оправда на теренот.

„РАБОТНИЧКИ“ – „ПРИЛЕП“ 29:34„ГРК ТИКВЕШ“ – „БУТЕЛ СКОПЈЕ“ 22:25„МЛАДОСТ“ – „ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2“ 22:30 МЕТАЛУРГ беше слободен

Следното, 4. коло се игра денес, а поради тоа што „Металург“ утре ке игра натпревар од Лигата на Европа колото нема да биде комплетно туку ќе бидат одиграни само две средби. „Прилеп“ ке го пречека тимот на „Младост“ а кавадаречките ракометари ке му гостуваат на „Еурофарм Пелистер 2“. „Тиквеш“ едноставно нема што да загуби а евентуален позитивен исход од оваа средба ке ја врати самодовербата на солидно ниво во пресрет на продолжението од првенството. „Металург“ и „Работнички“ својата средба ке ја одиграат во четврток а во ова коло сободна е екипата на „Бутел“

м.в.