МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Марјан Колев од нашата федерација награден со златен медал за развој на џудо спортот

Изминатиов викенд во организација на ЏФМ во Крушево се одржа балканското првенство за кадети. Покрај селекторот Дејан Мицковски џудо репрезентацијата како тренер ја предводи и Трајче Марков кој е дел од тренерскиот тим на ЏК Кожувчанка од Кавадарци. Во репрезентацијата се и четворица членови на ЏК Кожувчанка и тоа Миа Јованова, Игнат Петров, Никола Петров и Тоше Петров кои имаа 5 дневни подготовки во Крушево пред Балканијадата. На свеченото отварање како почесен гостин беше присутен и амбасадорот на Јапонија во Македонија кој и говореше на отварањето бидејки џудото како спорт потекнува од Јапонија. Меѓу присутните беше и Марјан Колев основачот на ЏК Кожувчанка и организатор на 5 балкански првенства во Кавадарци а сега член на извршниот одбор на ЏФМ. Првенството го отвори претседателот на ЏФМ Влатко Трпаноски кој на Марјан Колев му врачи посебно признание, златен медал за посебен придонес во развојот на џудо спортот во Македонија. Меѓу присутните на ова првенство се и претседателот на БЏА г-дин Бране Црногорац од БИХ кој воедно е и претседател на судиската комисија при светската џудо асоциација како и претседателите на ЏФ на Црна Гора, Романија, Грција и други познати спортисти и спортски работници.

viber_image_2023-06-12_12-25-44-179 viber_image_2023-06-12_12-25-10-638 viber_image_2023-06-12_12-25-17-998