ВО ПЕТОК КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ ГО ПРЕЧЕКУВААТ МЕТАЛУРГ
Ракометарите на „Тиквеш“ забележаа победа на гостувањето кај „Прилеп“ со убедливи 30-36.
Кавадаречките ракометари уште во првиот дел го решија победникот, бидејќи постигнаа дури 24 а примија само 14 голови. Во второто полувреме домашните заиграа поорганизирано но сепак негативата беше многу висока за да можат да направат некаков пресврт. Прилепчани неколку пати намалија на минус шест, имаа напад и за пет разлика, но не го реализираа. Кавадарчани искусно го приведоа натпреварот до крајот и му се реваншираа на Прилеп за загубениот бод во „Јасмин“, со триумф од 30-36. Најдобри стрелци кај победникот беа Коцев со седум и Лазов со шест погодоци, додека кај домашните се истакнаа Чантурија со осум и Рустамов со пет голови. Сега се поставува прашање колку оваа победа е задоцнета бидејки екипата на „Еурофарм Пелистер 2“ успеа да освои многу важен бод во дуелот со „Бутел“ играјки 23:23. На две кола од крајот битолчани имаат дури 6 бода предност пред „Тиквеш“ и „Прилеп“. Битолчани до крај ке играат само уште еден натпревар со „Прилеп“ додека „Тиквеш“ ке игра две средби во петок дома со „Металург“ и во недела нагости кај „Работнички“. „Еурофарм Пелистер 2“ покрај бодовната предност имаат и подобар меѓусебен скор а и подобра севкупна гол разлика и се најсериозни кандидати за плеј оф групата. Е во таа група ке играат трите најдобри екипи од двете суперлигашки групи плус ке се приклучат и екипите на „Вардар“ и првиот тим на „Еурофарм Пелистер“.
Затоа сега зачестија и прашањата како федерацијата дозволила во еден ист ранг да играат две екипи од еден ист тим па сега и двете екипи ке разигруваат за шампионската титула.Колку сето тоа е регуларно треба да се изјаснат надлежните.
м.в.