МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Петар Ангелов Диви во новата сезона ке ги брани боите на неготинчани

Екипата на ракометниот клуб Вардар од Неготино најавува кандидатура за висок пласман во новата сезона од Првата машка ракометна лига, а тимот е веќе комплетен така што тренерот Аце Станковски на тренинзите може да смета на комплетниот ростер бидејки на тренинзите се врати и искусниот голман Петар Ангелов Диви. Новиот голман на неготинчани имаше повреда, но сега таа е санирана и тој може одново да работи под максимален интензитет така што тимот ќе стартува во комплетен состав во новата сезона. До крајот на оваа недела најавени се контролки на кои тимот на Вардар Неготино ќе одигра против Радовиш така што екипата ќе биде подготвена за стартот на првенството. Инаку, тренерот Аце Станковски екипата ја превзеде кон крајот на месец март од минатата сезона и управата на клубот ја продолжи соработката и за оваа сезона. Тој наметна одличен ритам на работа на тренинзите бидејќи се тренира секој ден по двапати, а формата постојано се подига на сè повисоко ниво. Покрај Ангелов во Неготино дојде довчерашното лево крило на Тиквеш Костадин Петров и средниот бек на Металург РА Стефан Трајкоски. Вардар Неготино се обидува да формира респектибилен играчки ростер пред стартот на новата сезона.

М.В.

240810508_458813788442330_4788714643182428082_n