Кавадаречките ракометари го совладаа Прилеп со 32-31 и ке се борат да го освојат турнирот во Прилеп.

Екипата на ГРК Тиквеш со две победи денеска си обезбеди место во финалето на шестиот меморијален турнир Миле Нешкоски во Прилеп. Тиквеш прво ја совлада Струга со 30:28 а потоа и домаќинот Прилеп со 32-31. Во еден израмнет натпревар победникот беше решен во последните 20 минути кога на нашиот гол бриљираше Марјан Велков со неколку клучни одбрани и пред се одбраната на 5 секунди до крајот по што фрли контра која беше прертворена во победоносниот гол.

М.В.