Звучните имиња и засилувања на Металург беа немоќни против кавадаречката желба и подршката од трибините
Четвртото коло од ракометната суперлига донесе многу интересни дуели. Во Кавадарци гостуваше Металург кој во својот состав има многу звучни имиња како што се Златко Хорват, Улисес Рибериро, Абдулах Мане, Халил Озтурк, голманот Дупјачанец и многу други. Но имињата не играат на теренот туку желбата за надигрување и победа. Во првиот дел Металург ја контролираше и играта и резултатот па во 17. минута имаа највисоки пет гола позитива кога водеа 5:10 но Тиквеш со серија од четири гола се врати во игра. До полувремето Металург успеа да ја задржи предноста и на пауза да замине со два гола предност од 11:13. Во вториот дел продолжи големата борба на теренот, се играше доста цврсто и со многу исклучувања. Во 44 мин Милан Лазаревски заработи директен црвен картон, а ракометарите на Тиквеш максимално го искористија тоа. Домаќините израмнија на 16:16 а потоа и го превзедоа водството. Тиквеш успеа да се одлепи на + 2 и таа разлика ја задржа до крајот за триумф од 21-19 и први бодови. Несфатливо е како ваквиот состав на Металург со толку квалитетни засилувања успеа да постигнесамо 6 гола во вториот дел. Најефикасен во составот на Тиквеш и најзаслужен за победата беше Јане Јанчев со девет гола, а Дарко Кондев му беше добра поддршка со пет погодоци. Голманот Стојаноски имаше одлична партија и собра 12 интервенции само во вториот дел. Во составот на Металург најефикасни со по пет гола беа Александар Петковски и Бобан Каковски.Во останатите дуели од ова 4 коло вториот тим на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Пролет со 29-22. Радовиш загуби од Охрид со 19-26 а Струга од Бутел со 16-25. Скопје во финишот загуби дома од Прилеп со 29-30. Во големото дерби во Скопје Вардар со 29-25 ја продолжи победничката серија против вечниот ривал Еурофарм Пелистер.
М.В.