МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Неготинчани во недела го пречекуваат Борец во обидот да ја забележат и 4 победа во 4 коло

Кај ракометните прволигаши на програмата се средбите од 4 коло а во центарот на вниманието се натпреварите во кои ке се види дали екипите кои досега имаат максимален ефект ке ја продолжат победничката серија. Во групата А тоа е натпреварот Вардар Неготино - Борец. Со Аце Станковски на клупата и Петар Ангелов Диви на голот неготинчани се без пораз и очекуваат победничката серија да продолжи бидејки велешании сеуште немаат запишано победа. Со победа Неготинчани ке се одлепат на врвот на табелата бидејки вториот тим со максимален ефект екипата на Младост во ова коло е слободна. Во останатите средби од оваа групоа се среќаваат: Работнички-Шампион, Драчево - Партизан и Преспа - Јехона.Во групата Б во центарот на вниманието е средбата која се игра денеска во која Аеродром го пречекува Алкалоид. Двете екипи се без пораз но Аеродром има еден нерешен дуел а Алкалоид реди само победи. Со три победи е и екипата на КЛ 7 која не би требало да има проблеми на гостувањето кај Астраион. Во останатите средби се среќаваат: Македонија ЃП - Јуниор КВ, Куманово - Металург РА и Кичево - Текстилец

М.В.