Младинците на ГРК Тиквеш стартуваа со победа против Радовиш
Изминатиов викенд ракометните прволигаши го одиграа 8 коло. . Во групата А : Работнички -- Младост 28-32, Јехона - Партизан 42-33 и Шампион - Борец 22-30. Екипата на Вардар од Неготино го искористи фактот што Драчево во ова коло беше слободно и повторно се одлепи на врвот. Неготинчани во Ресен и гостуваа на Преспа и забележаа сигурна победа од18-29. На табелата Вардар и Младост имаат по 18 бодови а Драчево и Јехона по 15. Во групата Б се постигнаа следниве резултати : Куманово - Aстраион 25-15, Текстилец - Јуниор КВ 19-31, Кичево - Металург РА 41-35 и Аеродром - Македонија ЃП 32-24. Во оваа конкуренција Алкалоид и Голден АРТ досега се непоразени и имаат по 7 победи. Нивниот меѓусебен натпревар ке се одигра на 11 ноември а домакин е Алкалоид.Во тек се и натпреварите од младинските лиги. Во машка конкуреција пријавени се 21 екипа кои се поделени во четири групи по региони, додека 8 екипи кај младинките се поделени во две групи. Младинците на ГРК Тиквеш играат во групата Г со екипите на Радовиш, Прилеп, Младост Богданци и Партизан од Гевгелија.Во првото коло нашите младинци беа слободни а во второто во салата Јасмин го пречекаа Радовиш. Во драматичен натпревар се одигра во Кавадарци, Тиквеш со два гола во последната минута успеа да слави со 27-25.
М.В.
https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/1267330453778721