КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ ПОРАЗЕНИ СО 33-21 ОД ЕКИПАТА НА ОХРИД
ГРК „Тиквеш“ и во вториот контролен натпревар доживеа, овој пат убедлив пораз. Кавадаречките ракометари гостуваа во Охрид кај истоимената екипа и беа поразени со резултат 33-21. Избраниците на домашниот тренер Раде Стојановиќ покажаа дека квалитетните игри на струшкиот турнир не биле случајност па доминираа во текот на целиот натпревар. Охрид лесно дојде до убедливи 9-5 но „Тиквеш“ врати и се приближи на 12-11 но не издржа во целост па на пауза домакините имаа 17-14. И во второто полувреме кавадарчани премногу грешеа а домакините нивните грешки ги казнуваа со лесни погодоци од контри и полуконтри за конечни 33-21. Серијата на пријателски натпревари нашите ракометари ја продолжуваат веке во среда кога треба да гостуваме во Радовиш за веднаш потоа во петок да му гостуваме и на тимот на „КЛ7“.
м.в.