МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Важна победа за кавадарчани во борба за плеј офот

Во рамките на редовното 18 коло во машката ракометна супер лига се постигнаа очекувани резилтати. Скопје – Еурофарм Пелистер 17-32, Радовиш – Металург не се одигра заради проблемите со кои се соочува скопскиот клуб, Струга – Прилеп 22-21, Вардар – Пролет 34-22 и Охрид – Бутел 26-25. Дербито на ова коло се одигра во Кавадарци и во него екипата на ГРК Тиквеш го пречека вториот тим на Еурофарм Пелистер. Борбен,неизвесен натпревар во кој двете екипи имаа свои подеми и падови. Сепак во финишот кавадарчани одиграа сконцентрирано и бидејки многу повеке ја посакуваа победата заслужено славеа со 24-22. Кондев со 6 погодоци беше најефикасен а Темелковски и Симиќ додадоа по 4. За својата изведба на овој натпревар Страхиња Симиќ заслужено беше прогласен за МВП на ова 18 коло.

м.в.

273067628_322162389924581_5712058676703857490_n