Одбојката во нашиот град никако да заживее па да се надеваме дека ваквите настани ке иницираат придвижување во овој спорт
Викендов Кавадарци беше домаќин на завршницата од националниот куп во одбојка. Четирите најдобри екипи во машка и исто толку во женска конкуреннција се бореа за престижниот пехар. Одбојкарите на Струмица 47&72 ја одбранија титулата од минатата година и вчера славеа над Вардар со максимални 3-0, по сетови (25-21, 25-12, 25-17). Првиот сет беше најнеизвесен, а во останатите струмичани само рутински ја приведоа работата до самиот крај. Екипата на Струмица е прв фаворит и за одбрана на титулата во домашниот шампионат. За Струмица ова беше осма титула во Купот на Македонија и уште еднаш ја потврди својата доминација во домашниот шампионат. Во полуфиналето Вардар во 5 сета го доби Универзитет во ТетовоКај дамите екипата на Работнички направи големо изненадување откако го совлада тимот на актуелниот шампион Јанта Волеј КВ. Иако Јанта Волеј го направи првиот чекор во финалето, освојувајќи го првиот сет со 25-19, во следните три се случи вистинско изненадување и во три идентични сета, со тесна завршница на „една топка“, Работнички успеа да ги добие сите три со идентичен резултат 25-23 и да стигне до пехарот. За Работнички ова е прв трофеј во Купот после 2019 година.Кај девоојките медалите и пехарот ги додели градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев а нашиот град уште еднаш се покажа како одличен домакин иако одбојката во Кавадарци никако да заживее веке неколку децении. Се се сведува на поединечни обиди кои не опстојуваат. Ова беше убава можност кавадарчани да се потсетат како изгледа врвна одбојка а луѓето блиски до овој спорт можеби да се обидат да започнат повекегодишен проект. Факт е дека фалеше малку повеке публика во салата но одбојкарската федерација киксираше во маркетиншкиот дел па целиот турнир помина без плакати или реклами по медиумите. Дали се штедеа пари или се заборави и потцени единствениот метод за привлекување и информирање на потенцијалната публика кога станува збор за натпреварување од највисок ранг или едноставно за кавадарчани одбојката сеуште не е доволно атрактивен спорт.
м.в.