Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип денеска на прес конференција ги претстави плановите за упис на студенти во новата академска година. Има слободни 3.870 места, а очекувањата се и годинава да бидат запишани сличен број како лани, или околу 2000 студенти. Проф. Д-р Дејан Мираковски, кој од септември ќе ја преземе функцијата ректор на овој универзитет, најави дека во функција е платформата за електронско аплицирање, а од оваа година за прв пат се воведува програма на англиски јазик на медицинскиот факултет...