МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Велешани ќе спортуваат и ќе се рекреираат на реконструираното кошаркарско игралиште кај малото пазарче– Со поддршка од DRӒXLMAIER Велес доби ново модерно игралиште наменето за љубителите на кошарката, но и за сите останати коипрактикуваат спортски активности.Реконструкцијата на игралиштето опфати повеќе активности, меѓу кои целосноменување на подлогaта како и поставување на заштитна ограда. Проектот е од особено значење за сите граѓани на Велес, затоа што игралиштето ќе можат да гокористат сите генерации.-„Верувам дека овој спортски терен ќе биде место кадешто младите луѓе ќе ги развиваат своите таленти од областа на кошарката и истовремено ќе градат здравинавики за живот“, рече Лукас Мирингер, Генерален менаџер на DRӒXLMAIER Македонија. „Нашата поддршка секогаш е насочена според потребите на заедницатаво која делуваме и и понатаму ќе бидеме вклучени во реализација во бројни проекти од областа на спортот, образовнието и културата“, додаде Мирингер.

Спортот е клучна компонента во социјалниот живот, ги обединува луѓето и овозможува активна општествена вклученост.„Заедно со DRӒXLMAIER на велешани им овозможивме уште едно убаво уредено место за спортување и рекреација. Упатуваме искрена благодарност до компанијата,затоа што даде своја поддршка при реализацијата на овој проект со кој придонесуваме кон афирмација на спортот во време на исклучително напреднатехнологија кога младите сѐ повеќе користат компјутери и паметни телефони“, рече Марко Колев, Градоначалник на Велес.

Претходно, DRӒXLMAIER ја поддржа реконструкцијата и на спортското игралиште во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци, а заедно со своите вработени реализирашеголем број проекти и од областа на образованието и културата.

333