МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Биљана и Оливер Симонови од Свети Николе и малиот Лука кој има 1 година и 4 месеци барат помош.

Поврзаноста со Кавадарци е Биљана која дошла во нејзиното родно Кавадарци кај мајка и за да побараат подобар живот.Но и овде нивниот живот не се подобри.

На почетокот на заедничкиот живот-живееле во лоши услови, во Свети Николе.Кога се родил Лука состојбата им се влошила а со помош на Боки Јовановски - обезбеден им е стан за една година во Штип каде и понатаму се наоѓаат.

„Oбезбеденото бесплатно сместување во овој град една година помина .Очигледно се не може да трае вечно, сега напорите се им се реновира старата ќука . Но дотогаш треба да живееме, а немаме,“-ни рекоа Биљана и Оливер по телефон.

Оливер и Биљана имаат потреба од млеко и пелени за малиот, храна за нив, за нормалните потреби.Биљана во меѓувреме се вработила во Дрекслајер-Кавадарци компанија од каде им излегоа во пресрет на барањето .Инаку семејството има поднеено барање за еднократска помош во Локалната самоуправа Кавадарци.

Во меѓувреме нови проблеми за семејството Симонови.По краткиот престој тие биле избркани од куќата на мајката на Биљана во Кавадарци, па така сега им треба стан за престој под кирија во Кавадарци додека добијат гтрајно сметување за нив и малиот Лука.Ги молат добрите луге да им излезат во пресрет, посебно зашто овој период е студено а на малиот Лука и ним им се потребни услови да преживеат.Тие ги молат добрите,хумани луге да им помогнат колку што можат.Пред се за храна за Лука и нив.

Телефон за контакти е 077-943-483-Семејство Симонови.