МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Maрјан Атанасов кој живее и работи во Италија деновиве имаше чест да гостува на националанта телевизија РАИ 4 .Поводот беше фудбалскиот натпревар Македонија-Италија

Од телевизијата го имале во обзир неговиот престој во Италија, за основањето на македонската асоцијација„ Сонце-Соле“ во Пјаченца,реализираните проекти меѓу македонската заедница која живее и работи во Италија,за реномето и постигнатиот мост на соработка помеѓу македонските и италијанските институции.

FB_20161010_14_00_28_Saved_Picture.jpg

И покрај тоа што средбата била од спортски карактер во студиото имало повеќе македонски знамиња, традиционални сувенири од личната колекција на Марјан и една македонска рачно ткаена бовча со македонски орнаменти. Тој им понудил цела колекција на фотографии за Македонија, која од технички причини немаломожностда биде прикажана. Пред непосредното започнување на фудбалската средба било пуштено кратко видео каде што им ја пеел македонската бушава азбука, којашто беше прифатена со овации и аплаудирања од нивна страна. Фудбалскиотнатпревар бил прикажан на нивната национална телевизија која имаше можност да ја видат 65 милиони жители .

636116566119333789.jpg

-Во Италија многу малку знаат за нас.Македонија од секогаш им асоцирала на овошната салата (ла мачедониа ди фрута). Но како одминуваше разговорот, дознав дека знаеа за проблемот со името со јужниот сосед , за Филип II и неговиот син Александар Македонски, за постоењето на Мајка Тереза, за уредувањето и чистотата на општина Вевчани и вевчанскиот пасош, за традицијата на струмичкиот карневал и маскирањето.Беа љубопитни за насловот на македонската химна и нејзиното значење. Од спортски агол беа спомнати Дарко Панчев кој имаше во Интер, Горан Пандев кој моментално игра за Џенова и за Несторовски кои игра во Палермо, вели Марјан за нашиот портал.

Македонската заедница која живее и работи во Италија брои околу 100.000 луѓе и е добро прифатена во социјалниот и културниот живот. Се сметаат за големи работници, мирни и фамилијарни. Поголемиот дел се вработени во градежниот сектор, транспортот и фабриките, но секоја чест на исклучоците.

-Беше голема гордост да се следи ова средба, собрани во своите домови гледајќи и навивајќи групно бодрејќи ја македонската репрезентација. Задоволство беше осбено кога поведовме со 2:1, а тоа се почувствува во студиото каде што италијанските навивачи беа загрижени за финалниот резултат. Со мене во студиото беше бившиот италијански фудбалер Фулвио Коловати кој македонската јавност го памети како фудбалер на италијанската репрезентација која го имаше освоено златниот медал на светското првенство во Шпанија 1982. Самиот од професионална гледна точка, беше многу загрижен и изјави дека во моментов италијанската репрезентација не игра во своето вистинско светло и секоја чест на македонците за покажаната храброст и игра,потенцира Марјан и додава:

-Во студиото на Раи 4 бев придружуван од Кристина Илиевска од Македонска Каменица и Орце Илиев од Турново. Саматa информација за гостувањето беше многу позитивно прифатена во социјалната мрежа за комуникација од страна на македонската јавност, а посебно од пријатели и колеги кои потекнуваат од Англија, Франција, Германија, Украина, Молдавија, Романија, Бугарија, Турција, Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Мароко, Тунис, Египет, Пакистан, Јапонија, Кина, САД, Канада, Еквадор .Тие сакаа со нас да ја бодрат македонската национална фудбалска репрезентација ,изјави Марјан Атанасов за порталот www.rtk.mk.