МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 8 Март 2019 (петок), во 19.00 часот ќе биде отворена самостојната изложба на уметничката Гордана Винчиќ под наслов "Женски муабети".

Изложбата е поместена во Галерија Ко-Ра, мал салон, во ЈУ Дом на култура "Кочо Рацин", ул Димитрие Чуповски 20 а (во центар наспроти гимназијата "Ј.Б Тито".Горданата и е посната на кавадаречката ликовна публика.Та на два пати имаше самостојни изложи а речиси редовен учесник е на Ликовната колонија „Кавадарци-Михајлово“.

53278935_394008327826183_2396354656088358912_n.jpg

”За 3 дена глас”

За изложбата „Женски муабети

Најстарите времиња сведочат за женските дружби кои преживеале со епохи а со тоа и тајните на божествениот женски принцип. На овие заедникувања низ приказни, ритуали а честопати и песна, жените исцелувале спојувајки се со природата и невидливиот свет.

Модерната жена длабоко ја закопала својата мистика и моќ, архетипот на исцелителка, високата свештеничка и божица. Секојдневието ја одвлекло далеку од природата и ја приморува да биде мајка, сопруга, љубовница и кариеристка. Повеќе од 2.000 години доминантната парадигма ја ограничува оваа женска енергија без размисла дека поради тоа ни машкиот принцип не може да го достигне својот врвен потенцијал.

“Женските муабети” во денешно време потсвесно не асоцираат на дамнешните женски дружби, исполнети со тајни па затоа секогаш ќе привлекуваат љубопитност кај спротивниот пол.

-„Делата се мој обид да ја доближам мистиката и возвишеноста на женската интуитивна и креативна енергија на несекојдневен начин. Да ги подсетам жената и мажот за нејзината важност. Сите уметнички дела се реди мејд “сувенири” присобрани од патувања, дружби и муабети. Иако малце ме подјадува совеста, ќе “протечам” неколку тајнички со желба и публиката да ги насети одблиску. Мистични маски, штикли, трач, егзотични детали, интимизирање, емотивна искреност, кафе, предскажување, фасцинум, интимна ткаенина, пердуф, еликсир…„ ни изјави Винчиќ деновиве за нејзиното најново трагање по животните предизвици,запечатени во нејзините најнови ликовни дела.

Таа им се заблагодарува на на сите за несебичниот придонес кој го оплемени нејзиното творење.

53155169_175574206659333_3558755948086427648_n.jpg

„Пердув од ној„

53046711_416238869148298_22599520911097856_n.jpg

„Љубовна напивка“