МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Деновиве во нова мисија да го освојат „Титов Врв„ беа повеќе планинари од Македонија,меѓу нив и двајца од Кавадарци.

Напорно,студено, снег,но прекрасно.Фотографиите говорат за убавините на природата.Освоен е „Титов врв„ -2.748 метри н.в.Несекојдневно доживување.Групата Македонија „I love hiking “,која според програмата има редовни искачувања во сите годинишни времиња, на познати и помалку познати врвови во Македонија, на 10 јануари го искачи „Титов врв„.Тоа го сторија и над 80 планинари од повеке градови на државата кои често се со нив кога организираат вакви тури.

Еве како го членовите на I love hiking - group Macedonia го доживејаа искачувањето на еден од највисоките планински врвови во Македонија „Титов врв„ .

26231435_2072812302938125_728623907168088750_n.jpg

„Се тргна така рано, се бркаше автобусот по скопските улици, за да се стигне на шара на само изгрејсонце. Горе во населбата, се е мирно, и кучињата спијат. Светлата се уште треперат и само проѕевањето на полицијата беше знак дека нешто мрда.

Краток говор и караванот тргна. Тргна преку Церипашина, Антени, Казани, Карабунар, Бакардан за до Титов врв. Толку многу врвови за пишување а замислете колку се тоа многу за искачување. Во еден правец и потоа следи истиот пат, истата агонија и за назад. Во првиот правец те води еуфоријата, адреналинот и желбата. За назад те враќа само силата и сплотеноста на тимот.

Се беше во знакот на доброто време и одличната дисциплина. Многу нови членови се искачија за прв пат на Титов врв и тоа по најтешката патека, многу од нив и за прв пат со дерези, што е знак на голем налет на нови сили. Членови на “Осогово”- Кочани, “Ендорфин”-Кичево, “Free hikers”- Неготино, Куманово, Кавадарци и Скопје, со бројка над 80+ зависници за чист воздух. Се заврши со еуфорично чекање на последните членови да пристигнат на финишот. И потоа уморот си го завзема своето место во телата и тотално опуштени патуваме назад„

26229584_2072812612938094_8818374907958093273_n.jpgНесомнено несекојдневно доживување какво со не се опишува со зборови.Затоа планинарите велат дека секое искачување треба да се доживее , без разлика колку е напорно-на крајот кога се ке се заврши се чувствуваш исполнителнето и убаво.

26196046_2072813999604622_4452211390727154278_n.jpg

Со такво чуство во Кавадарци се вратија и двајцата членови-планинари на ПД„Орле“ кои беа заедно со планинарите на „I love hiking - group Macedonia“. Тие кои инаку редовно,барем еднаш до два пати месечно со други Планинарски здруженија и групи ја „освојуваат“ Македонија и нејзините убавини, од кои , некои се речиси недопрени, невидени од нас.Таа љубов која се раѓа еднаш ,кога стануваш пријател со приридата, станува твоја трајна опсесија.Овие генерации планинари имаа респект за својата нова љубов-планинарењето.Ги охрабруваме да продолжат со нивната мисија.