МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Доналд Трамп беше избран за 45. претседател на САД.

Со победата во Висконсин тој доби повеќе од 270 гласови во Изборниот колегиум, кои се потребни за победа.Кандидатот на Републиканската партија се обрати од својот изборен штаб во Њујорк изразувајќи благодарност за поддршката и довербата што ја добил.

Тој истакна дека кандидатот на демократите Хилари Клинтон му ја честитала победата.

– Таа имаше мошне добра кампања, бидејќи таа навистина се бореше. Таа работеше долго и напорно долг период и и должиме благодарност, додаде тој.

– Сега е време во САД, демократите, републиканците сите да се сплотиме како обединета нација. Му ветувам на секој граѓанин на нашата земја дека ќе бидам претседател на сите Американци, тоа ми е мошне важно, рече Трамп.

извор :www.kurir.mk