МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(115x115)
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Светскиот ден на планината, вчера планинарските друштва од земјата го одбележаа со средба која ја одржаа на Матка-Скопје.

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) го одбележа Светскиот ден на планината - 11 декември. ФСПМ се придружува кон одбележувањето на овој ден, прогласен со одлука на Генералното собрание на Обединетите нации, со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.

15397699_10154659995029985_1626880068_o.jpg

Во рамки на одбележувањето се одржаа планинарски тури чија крајна дестинација е Спортско рекреативниот центар Матка, каде во Планинарскиот дом попладнето се одржа и официјалниот дел од одбележувањето. Првата планинарска патека беше Скопје-Водно-Матка, втората е Матка/Манастир Успение на пресвета Богородица - Свети Спас - Света Недела - Свети Андреа.

00101010101010000.jpg

Првиот марш беше во должина од околу 17 километри или над 5 часа одење се одвиваше од Водно по сртот до Матка а вториот со должина од околу 8 километри опфати посета на три манастири и одење од околу 8 часа во реонот на Марка.Вториов марш , според Никола Минчоров од ПД „Орле„ беше напорен со оглед на стрмниот терен.

На пригодната свеченост на крајот од пешачењето претседателот на Планинарскиоот сојуз на Макдонија Јовица Угриновски додели награди и признанија за најдобрите планинарски друштва во земјава меѓу кои спаѓа и кавадаречкото ПД„Орле„ а еден од основачите Јоже Змајшек доби посебно признание за неговата самопрегорна работа сите овие години од 1961 година, кога е основано нашето друштво.

Дружењето заврши со заеднички ручек, топло вино и ракија .Прекрасна средба, велат оние кои беа на Матка, а ги имаше од цела Македонија и од Кавадарци и Неготино.