МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НА 23 март 1901 година започнала ТИКВЕШКАТА АФЕРА

На овој ден турските власти спроведуваат голема акција во девет тиквешки села во кои е откриено поголемо количество на оружје. Веднаш потоа биле извршени апсења при кои се уапсени луѓе во село Ресава 22 селани, Бегниште 20. Грбавец 15, Мрзен Ораовец 20, Чемерско 10, Сирково 5, Долна Бошава 5, Галиште 10. Бојанчиште 15 и во Кавадарци 15 луѓе. Сите уапсени биле спроведени во кавадаречкиот затвор каде биле крвнички измачувани, а потоа 32 од нив биле осудени на 101 година затвор и испратени во затворите Еди Куле и Бајаз Куле. Двајца селани од Ресава и еден од Мрзен Ораовец умреле како последица од тепањето, а еден од селото Барово се самоубил.