МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Загина Димката Ангелов Габерот-непризнаениот народен херој кој во суштина беше повеќе од тоа-личност каква Македонија ретко раѓа.

На 10 јуни 1943 година во борба со бугарскиот окупатор згасна животот на Димката Ангелов-Габерот, еден од најомилените историски личности во Тиквешијата.

Роден е во село Ваташа 1916 година. Бил учител по професија, а во 1936 година остро му се спротивставил на министерот за здравје и социјална политика Драгиша Цветковиќ на митингот во Кавадарци, бранејќи го угнетениот македонски селанец. По окупацијата бил секретар на Воениот и Месниот комитет на КП за Кавадарци, а во поч. на 1943 година е назначен за политички комесар на штабот на Трета оперативна зона. Во патризанскиот одред “Добри Даскалов“ бил избран за политички комесар, а го координирал и формирањето на гевгелискиот одред “Сава Михајлов“. Тој загинал на 10 јуни 1943 година кај месноста Клинска Леса во борба со бугарската војска заедно со борците Ило Виларов, Пано Мударов и Стојан Крстев.

До денес на народот од Тиквешијата не му е јасно зошто Габерот не бил прогласен за народен херој, многу добро знаејќи дека тој тоа го заслужи.Контраверзата за неговата смрт сеуште бдее над нас, иако некои тоа го знаат-но дали поради изминатото време или поради друго,сеуште нема дефинитивен одговор за неговата смрт.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)