МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Состанок за избор на Мис на Кавадарци

На 25 февруари 1930 година во Кавадарци се одржал состанокот на Управниот одбор на пејачкото друштво „Братство“ за избор на Мис на Кавадарци. Се расправало за одржување на маскембал на 1 март истата година кога требало да се одржи и изборот на Мис на Кавадарци.Нема документ за бројот и имињата на пријавените кандидатки ,но потврдено е дека тој се одржал во Кавадарци и била избрана најубавата кавадарчанка тие рани години на 20 век.Во записникот стои дека најубавата кавадарчанка добила на подарок комплет за ручек со 6 ножа,лажици и вилушки.Првата придружничка на Мис била наградена со шест фиџани за чај а втортата придружничка како награда добила машина за мелење ореви.

На маскенбалот исто така биле предвиодени награди за најдобрите маски.

И покрај напорите на покојниот Васо Кимов – виш кустос историчар во Музеј Галеријата не се пронајдени валидни податоци за избраната мис на Кавадарци и наградените маски таа 1930 година, пред точно 87 години во време на чарлстонот и немиот филм , време во кое Кавадарци воопшто не заостанувало од светскитре модни и современи трендови.