МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Стручната екипа ја водат археолози од Скопје и Неготино

Започна проектот за конзервација на Саат кулата во Неготино Проектот за конзервација на Саат кулата во Неготино започна со археолошки истражувања на просторот, со кои треба да се утврди состојбата на темелните партии и евентуалното постоење на културни слоеви или траги на живеење од минатото. За ова денеска информираше директорот на Музејот на град Неготино, Ристе Марков. Стручната екипа ја сочинуваат м-р Горан Санев, виш кустос археолог од Археолошки музеј на Република Македонија, кустос археолог Костадинка Филипова од Музеј на град Неготино и м-р Миле Велчовски, виш конзерватор од Национален Конзерваторски центар на Македонија, како надозр на целиот проект за конзервацијата, соопшти Марков. Тој потсети дека Саат кулата е споменик на културата од 19 век.

- Изградена е во 1816 година од страна на Таир ага, турски големец од тоа време. Служела за повеќе намени, за означување на времето и потсетување на петте дневни намази за муслиманските верници, но како највисок објект во тоа време служела и како надгледувачница и пушкарница со тенки отвори за пушки, во случај на напад, додаде Марков. Директорот на неготинскиот Музеј нагласи дека со конзервацијата на овој споменик на културата, ќе се добие плус еден културно историски објект во Неготино кој ќе биде и атрактивна туристичка дестинација за сите посетители и туристи