Општина Неготино организира избор на најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Тоа е дел од Манифестацијата: „Недела на виното-Свети Трифун 2018“.
Право на учество имаат сите индивидуални производители со информација за нив дека потребните мостри од предходно споменатите пијалаци ќе можат да ги доставуваати до 9 февруари. Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија составена од 5 членови од Здружението на енолози, а наградите и признанијата за најуспешните производители на вина и ракии ќе им бидат врачени за време одржувањето на централниот настан на 14 февруари на градскиот плоштад во Неготино. Новина е тоа што по завршувањето на дегустацијата и оценувањето на мострите, ќе биде организиран советодавен настан. Тогаш членовите на комисијата пред производителите кои доставиле мостри од вина и ракија, како и останати заинтересирани граѓани кои ги произведуваат овие пијалаци и ќе изразат желба да присуствуваат на истиот, јавно ќе ги презентираат оценките, забелешките и сугестиите, со единствена цел, самите производители да се стекнат со нови знаења кои ќе им помогнат да прават уште поквалитетни вина и ракии.