Неготино има земјени тениски терени .Во рамките на комплексот на Спортско рекреативниот центар „Младост“, овој град ќе добие и тениски терени со тврда подлога.
Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески деновиве потпишаа договор за изградбата на двоен тениски терен во Неготино. Со него Агенцијата за млади и спорт врз основа на склучениот договор со изведувачот на градежните работи се задолжува да инвестира во изградбата на еден двоен тениски терен во општина Неготино на улица „Ленинова“ во населбата Саат-кула.Истовремено се регулира и договор и начинот и условите за изградбата на двојниот тениски терен и неговото стопанисување, користење и тековно инвестициско одржување.
Тенискиот терен ќе се гради веднаш над мултифункционалното игралиште во населбата Саат-кула и во непосредна близина на реконструираниот забавен парк, со што граѓаните на Неготино од повеќе генерации ќе добијат уште еден спортско-забавен комплекс каде што ќе можат во релаксирана атмосфера да минуваат дел од слободното време.