“Со средства обезбедени од Буџетот на Општина Неготино, изминатиот период се изврши поставување на 24 нови лед светилки на улица „ Партизанска “ поточно на потегот од ООУ „ Страшо Пинџур “ до спојот со улица „ Маршал Тито “ кај полициската станица во Неготино.Со оваа работа се заменија сите светилки на 6 метарски дрвени и 10 метарски метални столбови во градот. Во меѓувреме се работеше и на замена на старите класични со нови лед светилки на каделабрите ( 4 метарски метални столбови ) на градскиот плоштад, старата градска чаршија и на градскиот кеј до СРЦ „ Младост“.Заменети се старите со нови лед светилки на улиците: „ Петар Демирски “, „ Вида Џекова “, „ Ленинова “, „ Дојранска “, „Никола Карев “, „ Климентова “, „ Пелистерска “ и дел од улица Душан Преграц .Со промената на сите улични светилки со нови лед штедливи драстично е намалена потрошувачката на електрична енергија за уличното осветлување во цела општина.„- се наведува во известувањето од Кабинетот на градоначалникот на Општина Неготино, Тони Делков.