МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Традиционалната манифестација „Свети Трифун 2021“, во Општина Неготино годинава ќе ја одбележи скромно со реализација на неколку настани. Имено, заради состојбата пандемијата од Коронавирусот како и доследно почитување на мерките и препораките за заштита од истиот, централниот настан кој секоја година се одбележуваше на градскиот плоштад годинава се откажува. Празникот ќе се одбележи скромно со редуцирани настани и содржини со строго почитување на мерките за заштита, односно годинешното одбележување на некои од предвидените настани ќе се одвива онлајн.