МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА МУЗЕИТЕ СО ИЗЛОЖБАТА ПАРАЛЕЛНО БЕШЕ ОДБЕЛЕЖАН И ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ

Повеќе од педесет години, музеите низ целиот свет го одбележуваат 18 мај како Меѓународен ден на музеите.

И во овие кризни времиња музеите наоѓаат начин да презентираат дел од културното наследство за кое се грижат. По тој повод Општинската установа Музеј на град Неготино и ЛУ Народен Музеј Велес, денеска организираа изложба „50 години Рацинови средби“ во изложбениот салон на ОУ Музеј на град Неготино. Воедно со оваа изложба се одбележа и 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. На изложбата беа поставени 23 паноа на кои беа претставени фотографии, текстови и документи кои сведочат за добитниците и учесниците на Рациновите средби кои се одржуваат еднаш годишно во месец јуни во Велес.

М.В.

187557132_1852514894916687_7563544486523172825_n 187688366_277172390789388_3682033548510703555_n 186540285_955575055192559_2675065970709063744_n