МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Неготино се одржа Државен квиз натпревар во кадетска и јуниорска конкуренција

Во Неготино денеска се одржа Државниоит противпожарен квиз .Се работи за 32-иот по ред ваков напревар кој се одвиваше во конкуренција на кадети и јуниори.Во двете кокуренции се натпреваруваа по седум екипи.

Темата на квизот беше од областа на противпожарната заштита а истиот го отворија градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов и претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија проф. д-р Никола Николов.

Регуларноста на натпреварувањето ја следеше жири комисија од три члена составена од стручњаци од ова област и делегат од Противпожарниот сојуз на Македонија, а квизот се одвиваше според однапред утврдени пропозиции. За најдобро пласираните екипи беа обезбедени пригодни награди и признанија.