МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска во сите училишта во општина Неготино започна новата учебна година Токму на почетокот од негово лично име и од име на локалната самоуправа на сите ученици кои седнаа во училишните клупи градоначалникот Ванчо Апостолов им посакув успешно совладување на наставните материјали, а на нивните професори и наставници реализација на продуктивен и квалитетен воспитно-образовен процес. -Секако, најмногу среќа и успех им посакувам на првачињата кои денеска за првпат појдоа на училиште, кај нив и кај нивните родители возбудата разбирливо е најголема и токму затоа им посакувам што е можно полесно прилагодување и вклопување во новата средина. Би сакал да ја информирам јавноста дека во пресрет на новата учебна година, трите училишта во градот и останатите кои функционираат во дел од населените места во неготинска општина ги презедоа сите неопходни мерки и активности за успешен старт на школската година. Училниците се варосани и исчистени, извршена е дезинфекција и дератизација, или накратко раководните тимови потпомогнати од наставниот кадар и техничкиот персонал создадоа услови за непречено одвивање на наставниот процес,вели Апостолов. -Покрај тоа, и оваа, како и предходните години Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука со единствена цел да ги растеретат родителите од дел од трошоците за поаѓање на едно дете на училиште, обезбедија бесплатни учебници за сите ученици.Според официјални податоци, денеска на училиште тргнаа 760 ученици распоредени во 40 паралелки во средното општинско училиште Свети Кирил и Методиј, 918 ученици во 54 паралелки во основното училиште Гоце Делчев и 830 ученици во 43 паралелки во основното уччилиште Страшо Пинџур, како и во подрачните училишта кои функционираат во рамките на двете основни училишта.Исто така, од денеска воспитно–образовниот процес започна и во двата клона на детската градинка Фемо Кулаков во Неготино каде што во двата клона ќе престојуваат 380 дечиња, па и на сите нив им посакувам пријатен престој во оваа установа за згрижување на нашите најмлади сограѓани.На крајот да сумирам во една реченица. На подрачјето на општина Неготино новата учебна 2015-2016 година започна според планираното и без никакви проблеми, а на сите ученици уште еднаш им посакувам успешна и плодна учебна година со постигнување солидни резултати, изјави за службениот портал неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов