МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Наодот е презентиран во изложбениот салон на Музеј на град Неготино, на 05 ноември годинава во 13.00 часот.

Изложба на фотографии од ексклузивниот златен антички наод пронајден во археолошкиот локалитет "Орманков гроб", с.Тремник, општина Неготино, единствен на Балканот и пошироко, феноменален во изработката на филигранство и гранулација, презентиран во Келтен-Ромер Музеј во Манхинг-Германија, заедно со златната маска и нараквица од Охрид, вкупна тежина 1.018 гр., 22% каратно злато, датира од IV-III век п.н.е....

Златниот антички наод се состои од две монети-статери: една на Филип II и Александар III, златен ѓердан составен од висулци во вид на лешник, два ѓердани составени од кружни алки со еден ред гранулации, медаљон со претстава на Посејдон, една тоалетна кутија (пиксида), ѓердан со кружни алки со три реда гранулација, четири фибули, четири цилиндри како завршетоци на ѓерданите и две палмети во срцевидна форма. Изложбата содржи 30 фотографии изработени на форекс, врамени, со димензии 100х70 цм.

На фотографиите е претставен златниот антички наод во најразлични комбинации со објаснување и легенди напишани на македонски, англиски и француски јазик. Изложбата е практична и изработена да биде презентирана и пред други институции со што ќе се презентира археолошкото богатство и културното наследство од општина Неготино пред пошироката јавност. Особено сме благодарни што во присутните посетители беа двајцата сведоци кои присуствувале во археолошкото ископување и откривањето на овој ексклузивен наод од с.Тремник во 2008 година. Своето искуство и доживување од археолошкото ископување еден од сведоците го презентираше и раскажа пред присутните. Денес овој златен антички наод се наоѓа во НУ Археолошки Музеј на РСМ во Скопје!Изложбата е финансирана од страна на Министерството за култура како проект од национален интерес за 2021 година!Настанот беше збогатен со убави класични композиции како “Дојранка“ од Трајко Прокопиев и др., изведени на клавир и флејта од страна на Емилија Кабранова Филипова и Силвана Чулева Атанасова.

253156704_1278193712594427_5069485793129060252_n 253220218_1535710906783668_3253181206735448561_n 253206781_227818039299250_6916973113078473774_n 253215329_928113061152875_440640754118962127_n 253233804_642070080503062_3420426735652520096_n 253271785_1265057474011195_9054173797747121145_n 253337408_3016625545332092_3657602749337360517_n 253343922_288291879832518_6187331281949366290_n 253369141_431725441695993_5099893948276358010_n 253611641_937312913537741_5317226321315491238_n 253767619_639626137201797_3746366491139992286_n 253870322_591642215482347_6937271890438879483_n 254747632_4425576057497369_2931927754153992348_n 253839773_611876246848086_7730092794025841325_n