Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=1049
    [QUERY_STRING] => id=1049
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 54612
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.135.205.26
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732492424.5413
    [REQUEST_TIME] => 1732492424
)
Наскоро нова хит претстава - „Стјуардеси“.


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На сцената на Домот на културата пред кавадаречката публика ке биде претствена на 31 март

За разлика од претходните претстави зад кои стои режисерскиот потпис на Диме Коцевски, во „Стјуардеси“ можеби за прв пат Коцевски се држи цврсто кон оригиналниот текст на францускиот комедиограф Марк Камолети, но и кон македонскиот литературен јазик, иако тоа не значи дека нема да изостанат сцените кои ќе предизвикаат смеење до солзи и изненадувања на кои Коцевски ја навикна кавадаречката публика. Една од гаранциите за успешноста на претставата секако е и веќе проверена екипа која го носеше „товарот“, но и хуморот во веќе култните „Иц`то и Јул`то“, „ЦСИ ПД“, „Газда Страшо“ и „Лазо“, секако надополнета со неколку нови ликови и специјални гости, кои треба да донесат нова свежина на кавадаречките „штици што живот значат“. Така, покрај Коцевски кој повторно ќе има двојна улога, понесувајќи голем дел од товарот на претставата, на сцената ќе ги видиме и веќе „стандардните“ Видан Станоев, Валентина Ѓорѓиева и Костадин Прокопов, додека своето „огнено кршевање“ ќе го имаат Зорица Стефковска и Ребека Малиминовска.Покрај тоа што ќе ја раздвижи кавадаречката театарска сцена, со комедијата „Стјуардеси“ ќе биде одбележана и долгогодишната соработка со професорот Костадин Прокопов.

„Претставата освен за публиката, ја правиме во чест на професорот Костадин Прокопов, и истата е едно едно скромно одбележување на неговата долгогодишна соработка со кавадаречкиот театар и како глумец, но и како човек кој долги години помага во регрутирање на млади таленти, аматери - глумци од гимназијата кои се неизбежен дел од секоја претстава“ - рече меѓу другото Диме Коцевски, режисер на „Стјуардеси“ и актер при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“.

Поддршка за сите оние кои се вклучени во реализацијата на првиот театарски проект во 2017 кој се очекува повторно да ги руши рекордите на гледаност стигнува од секаде, а една од најзначајните е и од директорот на кавадаречкиот Дом на култура. „Иако претставата „Стјуардеси“ не е дел од овогодинешната програма на Домот на културата, сепак директорот Владимир Темков имаше големо разбирање и само после еден разговор со него претставата почна да се подготвува, за сега веќе и да ја најавуваме првата премиера“ - дополнува Коцевски.

Комедијата „Стјуардеси“ премиерно ќе биде поставена на 31 март, а првата реприза е закажана за четири дена подоцна, односно на 3 април.

фото:Тони Коцев