Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=3124
    [QUERY_STRING] => id=3124
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 23112
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.136.19.124
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732490377.0558
    [REQUEST_TIME] => 1732490377
)
Фени-Индустри излегува од стечаj


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Судијката Валентина Ѓорѓиевска ја потврди одлуката што ја донесе Собранието на Доверители на 4ти јули и со која е прифатен планот за реорганизација на ФЕНИ Индустри. Планот како позитивен и перспективен беше изгласан и прифатен со 96 постотно мнозинство од доверителите.

Прифаќањето на планот значи конечно излегување на ФЕНИ Индустри од стечајот и завршување на деветмесечната неизвесност за опстојување на комбинатот. Планот, којшто е поднесен од ГСОЛ/ЕуроНикел предвидува нова иднина за комбинатот, поткрепена од крупни инвестициски потфати. Реорганизацијата со инвестициските планови ќе донесе зголемување на производните капацитети, нови вработувања, рестартирање на втората производна линија, пазарна експанзија и зголемување на извозните можности. Реализирање на планот за реорганизација на ФЕНИ има позитивни импликации за целиот кавадаречки регион, но и за македонската економија. Покрај редовните плати на повеќе од 800 вработени и тековно зголемување на нивниот број, ФЕНИ соработува со приближно 200 компании од Кавадарци и околината, а базата на добавувачи на ФЕНИ вклучува над 1.000 домашни компании, чие успешно опстојување е директно поврзано со работењето на ФЕНИ.

Токму заради вака поставените приоритети во планот за реорганизација, ГСОЛ/ ЕуроНикел во своите намери за ФЕНИ Индустри доби поддршка од вработените во комбинатот, кои што со протести пред Основниот Суд во Велес, јасно кажаа дека не прифаќаат ликвидација на ФЕНИ и дека својата иднина ја гледаат во планот за реорганизација.Откако ГСОЛ го изнајми комбинатот за обработка на руда, тие повторно се вратија на работа, земаат редовно плата и повторно почнаа да ја гледаат својата егзистенција во успешната работата на кавадаречкиот комбинат.

Исто така, планот за реорганизација и намерите на сега единствениот инвеститор во ФЕНИ Индустри, ГСОЛ/ЕуроНикел е позитивно оценет и од Синдикатот на индустријата, енергетика и рударство (СИЕР). Тие го изразија своето задоволство од усвојувањето на планот за реорганизација, а како тело што се грижи за правата на работниците и земајќи ги превид сите околности за време на стечајната постапка кога беа ангажирани сите работници, се настојуваше постапката да се заврши колку може побрзо и на крајот заврши со план за реорганизација кој гарантира ангажман на сите вработени и комбинатот продолжи со работа и тоа под услови кои се подобри од претходните. СИЕР, исто така, во новиот инвеститор гледа сигурна и извесна иднина за ФЕНИ.

ГСОЛ/ ЕуроНикел досега инвестираше повеќе од 80 милиони евра во ФЕНИ и во повеќе наврати ги потврди своите намери за иднината на фабриката. Инвестицијата од ГСОЛ започна со договорот за производство на никел, со кој се рестартираше производството. Оттогаш досега се произведени повеќе од 3.500 тони никел, продолжува извозот, а се ангажирани 200 локални компании кои превезуваат од пристаништето Солун и Албанија. Увезени се и над 300.000 тони руда од меѓународни рудници, потребна за преработка за редовно функционирање на комбинатот.

Заради ваквиот пристап, случајот на ФЕНИ постави нов репер за успешен стечаен процес и претставува најдобриот пример во земјава за затворање на стечајна постапка со позитивен исход.

ФЕНИ отиде во стечај со долг од 67 милиони евра и повеќе од 250 кредитори чии побарувања останаа неплатени. Како заинтересиран инвеститор ГСОЛ ги исплати сите доверители и ги откупи долговите на ФЕНИ, и на таков начин стана најголем доверител на кавадаречката компанија, а по одлуката на собранието на доверители и на стечајниот судија и сопственик на ФЕНИ Индустри АД.