Ова капитално издание на авторот Добре Ставров беше промовирано во салата на Домот на културата
Новата книга на Ставров беше повод салата на Домот на културата да биде полна.Поранешни и сегашни професори поранешни ученици,пријатели ,луге од образованието, ,културата,негови блиски дојдоа да за чујат за книгата „120 години гимназиско образование во Кавадарци“ за која говореа новинарот Мирјана Мукаетова и историчарот Петре Камчевски.
Мукаетова рече дека професорот Старов е еден од малкуминатоа кои целиот свој живот говори на чист македонски јазик а ова негово дело говори за неговата желба и амбиција.Се работи за дело кое е обемно,со многу податоци ,со фотографии, табели,прецизни детали, и опфат на 120 години-време во кое во Гимназијата се школувале и потоа завршиле повисоко образование или останале на гиманиското точно 10.213 ученици.
Петре Камчевски во улога на промотор рече дека се работи за книга со тематски приказ на општествено политичката состојба на периодите кога постоела Гимназијата во Кавадарци и во неа се школувале средношколци-ученици.Опишани се економските и политичките времиња во кои таа работела како образовна институција-Во Тускиот период,за време на Балканските војни,Кралството Југославија,Бугарската окупација , времето после ослободувањето до 2013 година .Во книгата „120 години гимназиско образование во Кавадарци“ се поместени 273 фотографии,30-табели.Ставров дошол до податокот дека овде матурирале 10.213 ученици од кои 4.985 завршиле високо а 934 више образование или над 55 насто од учениците завршиле повисоко образование од гимазиското.
Меѓу другото на промоцијата Ставров ги опиша приликите во образовниот процес во Кавадарци од времето на Турското ропство до денес и актуелните прилики кои придонеле за состојбата во сверата на образованието. А што се однесува за самата монографија во неа има многу факти собирани макотрпно неколку години.Меѓу другото од вкупно завршените матуранту во гимназијата -58 ученици станале доктори на науки а 178 се здобиле со титулата магисти на разни науки.Од големата бројка на ученици и гимназисти матуранти низ економските и политичките води се етаблирале и над 30-тина од нив станале познати како сопственици или раководители на економски субјекти или политички функционери.Од вкупната бројка на завршени матурани околу 1.000 се поосветиле на економските науки- завршиле економски фактултет а 727 завршиле Правен факултет.
Книгата треба да се прочита и да ја има секое семејство во Кавадарци зашто на било кој начин, во многу наши семејстава барем еден член а некаде и две три генерации учеле Гимназија и ги има во книгата.Издавањето на книгата го помогнаа неколку спонзори на кој Ставров им заблагодари.
(ВИДЕО ИЗЈАВИ)