Оваа година акцентот на Кавадаречка културна есен 2021 ќе биде ставен на драмската дејност –театарот
Ќе започнеме Денеска-21 Октомври со Премиера на Госпоѓица Јулија -во режија на Микица Илова ( натуралистичко-емотивна драма во текст на Аугуст Стринберг ) , а ќе завршиме со уште една Премиера ,, Не сега драга ,, во режија на Диме Боцев( комедија и текст на Реј Куни
Во текот на месец Октомври се предвидени :
-Отворање на Изложба на фотографии на Рајко Каришиќ од Р Србија ,
-Концерт на класична музика ,, Вечер на Пјацола ,, во изведба на Диана Мирчевска –виолина , Верица Ајтовска –виола и Иван Трајковски –пијано
- Реприза на претставата ,,Госпоѓица Јулија,,
НОЕМВРИ
-Вечер посветена на Џезот,, Кавадарци –Jazz night,, -Тони Китановски трио , бендот со Оливер Јосифовски , Сашо Поповски трио и др .
-Изложба на Александра Димитрова –Кочани
-Изложба на скулптури изработени од лаванда и друга диворастечка флора – КСП Подиунм Јадро
- Годишен Концерт на Фолклорен ансамбл,,Тиквеш,,
- Театарска претстава ,, Не се клади на Енглези,, - со истата ќе се гостува и во Театар –Штип и Центар за култура –Неготино
-Изложба на Драган Најденовски од Битола
Инаку во рамкикте на кавадаречка култура есен ќе се одржи креативна работилница за поезија во соработка со ученици од средните училишта
-Работилница од областа на фолклорот –запознавање со традициски инструменти со ученици и учесници на Фолклорен ансамбл,, Тиквеш,,
-Проект Фолклорна работилница за лица со посебни образовни потреби од ООУ "Страшо Пинџур" Кавадарци под менторство на Зоран Велков
- Концерт на класична музика
После ПРЕМИЕРА НА ,, Не сега драга ,, следуваат и неколку репризи од истата