Честитка за Велигден во име на свештенството од Кавадарци упати и протајереј Воислав Горгиев- старешина на Соборниоот храм „Света Преподобна Петка Параскева“
На Велики Четврток носителот на извршната власт градоначалникот Александар Панов и старешијата на црквата „Света Петка Параскева„ испратија честитки до православните христијани
Духовниот живот во Општината, Локалната самоуправа сесрдно го помага со материјални средства и други начини.Конкретна е помошта за селските цркви во Марена,Сопот,Возарци, Бегниште, Мрежичко,Клиново,Драгожел,Глишиќ и Дреново, а најголема во Соборната црква „Света Петка-Параскева“ во Кавадарци која плени со својата убавина.Храмот е дело на Архитектот Трајче Грков, зидан од македонските каменорезци од тајфата на Ристо Гроздановски од Мала Преспа.Локацијата ја обезбеди Локалната самоуправа а парите во најголем дел се донација од Фени –Индустри,Кожувчанка,Градба Промет и останатиот бизнис сектор од Кавадарци како и од граѓаните .Општината со надлежните институции помага да се реконструираат делови од Полошкиот,Моклишкииот и Бошавскиот Манастир
(Видео честитки за Велигден на градоначалникот Панов и протајереј Горгиев)