Убавата атмосвера на концертот на Фолтин и Рибја Чорба им донесе илјадници гости на градскиот полоштад. Денеска, пак интересна атмосфера на плоштадот.
Во Кавадарци пристигнаа македонските моторџии. Од сите градови на земјата,тие ревијално присуствуваат на сите гроздоберски празнувања,па и на годинашново. Денеска на Градскиот плоштад беа присустни со специфичната униформа,светнати мотори, а зо силниот звук на моторите сакаа да дознаат кавадарчани дека се тука во градот на грозјето и виното.
На плоштадот напладне мирна атмосвера, гостите ги средуваат впечатоците од синоќа и се подготуваат за вечерашниот Вински карневал И концертот на Парни Ваљак....
Застанавме на штандот на Винотек, СЕ НАПИВМЕ ВИНО Сангрија каде за прв пат дознавме дека овој пијалак може да се прави и кај нас...
Во кино бавчата на Домот на културата полно таблаџии. Денска овде се оддржува турнирот во играње табла,кој станува традиционален. Годинава учествуваат 46-мина, а дури 10 тина се од Штип. Тие се редовно овде во Кавадарци на гроздоберот. Томе Чемерски главниот координатор на турнирот ни објаснува имаме подршка од Локалната самоуправа и ќе доделиме три награди. Прва-5000,втора 4000 и трета награда 3000 денари...ТУРНИРОТ се одржува 11 години...
Еве го целиот прилог од денешниот ден: