Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=137
    [QUERY_STRING] => id=137
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 40850
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 52.15.170.196
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732499658.0326
    [REQUEST_TIME] => 1732499658
)
25 ГОДИНИ РАЗВОЈ НА ИНЕЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ КАВАДАРЦИ


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ИНТЕРВЈУ СО ДУШКО САПУНЏИЕВ-СОПСТВЕНИК И ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР НА „ИНЕЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ -ДОБИТНИК НА НАЈВИСОКОТО ОПШТИНСКО ПРИЗНАНИЕ-НАГРАДАТА „7-СЕПТЕМВРИ“ЗА 2015 ГОДИНА.

-Што Вам и на Компанијата ви значи добивањето на највисокото општинско признание наградата „7-ми Септември“.Има ли таа значење во вашиот живот ?

Д.С.....Секако има .Да се добие најголемото општинско признание за постигнување во стопанството е голема лична и морална сатисфакција .Јас во поздравот за благодарноста до советниците на Општина Кавадарци кои ми ја дадоа довербата кажав дека посебна вредност и тежина има затоа што само еден е добитник.И тоа едногласно е добитник од седум кандидати колку биле предложени , без било каква дополнителна дискусија едногласно со концензус.Кажав и дека тоа е признание за сите вработени , бидејќи и покрај доброто менаџирање без добар тим не може да се постигне ова. Реков дека тоа е признание за мојата фамилија која ми дава подршка не само морално , туку сега практично е инволвирана во реализација на сите проекти .Ова се однесува до последниот во семејството, синовите и сопругата , и нормално признанието кое го добивме е благодарност за довербата од граѓаните кои со својата безрезервна подршка на одреден начин помогнале и финансиски и морално, да се реализираат сите овие наши проекти и за тоа ние чувствуваме обврска повеќе да во наредниот период да им понудиме колку е можно подобри , и посовремени и помодерни сервиси.Тоа ке го направиме и набрзо ке има повод да се слушне за нашата фирма .

Capture_IIIINNNNEEELLLLL.PNG

-Како хронолошки изгледа развојот на Инел Интернационал од 1990 година до денес ?

Д.С....Фирмата е формирана 1990 година како претпријатие за производство и продажба на електронска опрема. Подоцна се насочува во секторот на ИТ услуги : увоз, склопување и продажба на на персонални сметачи, изработка на разновиден софвер како и проектирање на мрежни системи.Во 1997 е основан одделот за проектирање, изведба и продажба на индивидуални антенски, сателитски и кабелски ТВ системи . Во овој период еден од најголемите проекти е комплетното техничко решение и изведба за Телевизија и Интернет во хотелотите Холидеј ин , Турист и Арапшска куќа во СкопјеПет години подоцна во 2002 година, Инел Интернационал добива концесија за кабелски систем во Кавадарци. Тогаш се отпочнува со работа на изградбата на приемна станица и кабелска мрежа за пренос и дистрибуција на земски и сателитски ТВ програми во градот.Почетокот на работа на кабелскиот систем преставува огромен импулс кој во 13 годишното досегашно работење на фирмата доведе до големи технолошко-технички достигнувања .Инел Интернационал својот пат до технолошки развиениот свет го отпочна како скромен кабелски систем со коаксијална надземна мрежа во која се дистрибуираа 24 аналогни ТВ канали. Според коментарите на сограѓаните кабелската ТВ уште од самиот почеток стана прозорец кон светот на Кавадарчани.Периодот од 2002 до 2006 година е време на изградба на мрежата.Првиот нареден технички исчекор е направен во 2006 година кога меѓу првите во Македонија ИНЕЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ воведе широкопојасен кабелски интернет со, за тоа време „големите„ брзини од 128 Кбс. Истовремено тоа претставува прв сериозен успешен тест за квалитетот на мрежата. Воведувањето на Интернетот како сервис е уште еден голем технолошки скок но и услуга која на друг начин им го приближи светот на сограѓаните во секојдневна директна комуникација со милијарда корисници во целиот свет. Достапноста на секаков вид на информации граѓаните од Кавадарци ги направи да бидат во првите технолошки редови во државата па и пошироко во регионот.Следните две години ( 2006-2008 )се период на интензивна едукација на инжинерскиот кадар на Инел Интернационал за новите дигитални технологии. Вработените се присутни на сите домашни , регионални и европски саеми, семинари и работилници ( Скопје, Охрид, Белград, Софија, Келн, Минхен, Дубровник, Амстердам..). Паралелно со стручното усовршување се одвива и практичната имплементација на знаењето изразено во постојаното зголемување на брзините на интернетот кои за две години се зголемија за 10 пати .Во 2008 година Инел Интернационал воведе и услугата за пренос на говор ( ВоИП) популарно наречена фиксна телефонија. На граѓаните им се понуди квалитетен сервис со прифатливи цени што наиде на голем одзив.2010 година е пресвртница кога покрај континуираниот технолошкиот развој отпочнува и проширувањето и модернизација на мрежата. Во единствен систем е интегрирана мрежата во Неготино. Поставени се првите оптички каблови во Кавадарци и двата града се поврзани со подземен оптички кабел.2011 и 2012 година се период на модернизација на мрежата со интензивно користење на оптичките кабли што овозможи натамошно 10 кратно зголемување на брзините на интернет и воведување на сервисот Дигитална Телевизија ( DVB-C) .Плановите и желбата да се понуди троен (мулти) сервис награѓаните се реализирани истовремено или дури и многу понапред од други оператори во земјата и регионот. Денес Инел Интернационал Дооел е технолошки високо развиена фирма која располага со врвна светска технологија за прием и пренос на Дигитална ТВ, широкопојасен супербрз Интернет и фиксна телефонија. Вработува ( заедно со сестринската фирма) 34 инженери,техничари и друг претежно млад кадар кој израсна низ повеќегодишното искуство во сопствената мрежа. Актуелна е понудата на речиси 100 дигитални програми во дигитална СД и ХД технологија, супербрз интернет со брзини и преку 100 Мбпс во DOCSIS и GPON технологии , фиксна телефонија, пренос на податоци, видео надзор и други сервиси.Од неодамна во Инел се применува и систем за кодирање на дополнителни програмски содржини од светски познатио бренд CONAX од Норвешка. Мрежата со повеќе од 60 км оптички кабли е потполно модернизирана како „мрежа од новата генерација„ и во единствен систем ги интегрира покрај Кавадаци и Неготино и мрежите од Демир Капија и Росоман со што регионот е речиси наполно покриен. Како резултат на сопствениот развој и стручно усовршување вработените во Инел Интернационал денес се водечки стручни лица во земјата . Софтверот за мониторирање на мрежите и сервисите, со тргровски назив „Бипол„ првенствено развиен за свои потреби денес е најпродаваниот на Балканот ( Македонија, Србија,Косово, Црна Гора...) На тој начин се и амбасадори и афирматори на Кавадарци и Македонија во регионот. Во Македонија на почетокот постоеше скепса. Нашите фирми прво се определуваа за да купат таков софтвер од Бугарија од Унгарија.Сега на меѓународните тендери ние ги добиваме работите, за што бевме позитивно изненадени.За нас беше пријатна констатацијата кога оперторите во Белград , се работи за големи фирми-поголеми од било кој наш македонски оператор, беа изненадени и рекоа дека сме посебно се среќни кога ни доаѓа нешто неочекувано , а неочекувано е да дојде од Македонија ,и да е нешто врвно.Како резултат на сопствениот развој произлегоа и системите за производство на електрична енергија од сонце (фотоволтаици) . Први во земјата главната станица и градските оптички јазли ги обезбедуваме со сопствена енергија. Тоа ја стабилизира мрежата, а системите најдоа примена и во други кабелски мрежи и кај индивидуални корисници.Денес во градот и регионот корисници на услугите на ИНЕЛ се поголем број јавни претпријатија установи и министерства . Тоа се институции и фирми со најстроги барања за стабилност на сервисите како банки, царина, Катастар, Агенција за вработување, Болници, ПЗУ... Домашните стопански гиганти Дрекслаермајер, ИГМ, трговски ланци ( ТД-ТД, Минекс, Дијана) Хотелите, текстилни фабрики и секако повеќе илјади наши ценети сограѓани.Инел Интернационал е и социјално одговорна фирма: дава поддршка на социјално загрозени категории, интернет и Тв сервис на деца со посебни потреби и ЈЗУ, финансира издавање на книги и трудови на сограѓани, дава поддршка на уметнички и музички групи и поединци, спонзорира спортски настани ( Тенис,кошарка) .Практично нема дом , институција и фирма каде Инел Интернационал не е присутен или не иницирал користење на некое од современите телекомункациски услуги. Мрежата од „следната генерација„ на Инел Интернационал е трајно вградеана во инфраструктура та на градот и претставува модерен крвоток без кој е незамислив современиот стопански и приватен живот во градот. Истовремено е и гаранција за слободен пристап и размена на сите идни технологии и информации рамноправно во глобализираниот свет .

Captureinel_1.PNG

-Каде е Инел Интернационал на ниво на држава ?

Д.С. ....На ова прашање ќе ви одговорам зависно од критериумите.По големината како оператор сме со средна големина - регонален оператор бидејки покриваме четири пет општини во Тиквешија ; Кавадарци како центар од кој се покриваат сите сервиси во Неготино, Демир Капија и Росоман ,обединето во единствена оптичка мрежа.Ние сме средно голем оператор веднаш после Телеком, ОНЕ...Според квалитетот и брзината на сервисите што се нудат се наоѓаме во самиот врв. Со изборот на програмите и технологиите го имаме она што дури во некои периоди сме и пред другите оператори, како што е дигиталната телевизија, па и интернетот. А со квалитетот, стабилноста и брзините Инел е во самиот врв.За тоа сме добиле признание од Агенцијата за електронски комуникации, но за нас е најголемо признание довербата на граѓаните.За возврат настојуваме да бидеме на услуга 24 часа.Во секое време ние сме достапни и излегуваме во пресрет. По прашањето на одзивот на граѓаните исто така сме во самиот врв во Македонија и тоа е една од нашите големи предности.На сето тоа мораме да додадеме, дека и покрај високите перформанси на сервисите цените се сообразени на стандардот на граѓаните.Се развиваме како фирма без оглед на тоа што не преферираме да имаме високи цени ,иако сметам дека нашите сервиси треба да бидат повисоки цени меѓутоа се додека можеме да ги сервисираме и да ги следиме техничко технолошките потреби и она што се случува во нашето опокружување и во светот немаме размислување за промена на цените.Дури би биле среќни ако би можеле да понудиме пониски цени.

inel_2.PNG

-Бевте ли принидени лани да извршите промена на цените, како резултат на нелојална конкуренција на ова подрачје ? Како гледате на ова од денешна дистанца?

Д.С.....-Такви настани имало и може да има. Тоа се обиди на поедини оператори наместо да се борат со техничка сила да се борат со финансиска моќ па и со други методи. Ние не одговоривме со намалување на цените бидејќи нема простор за таков маневар. Се одлучивме на борба со квалитет и понуда на нови сервиси како што се дигиталните сервиси и на таков начин да дадеме сериозен одговор што се покажа како добра стратегија.Сведоци сме дека повеке оператори преземаат такви чекори кои што во суштина за крајна последица го имаат намалувањето на можноста на сите нас, операторите заедно, за проширена репродукција односно за развој. Кога со ниските цени ке се достигне едно долно ниво се загрозува можноста за инвестирање.Со тоа порано или подоцна им се прави лоша услуга на самите претплатници бидејки неможноста да се инвестира и вложува во квалитетен сервис ќе доведе до ситуација да им се нудат неквалитетни сервиси за малку пари.Тоа се економската и техничката логика кои се спротиставуваат една на друга . Ние едноставно рековме ,нашиот одговор на било кој во слични ситуации ( во моментов има повеќе оператори со такви стратегии) да не биде на истиот начин. Нема друг одговор освен квалитет и само квалитет. Тоа порано или подоцна дава резултат. Придобивките се краткоочни, а загубите на подлог рок се за сите вклучително и претплатниците. Тука треба да одиграат улога и институциите со усмерување на стратегијата за развоја на пазарот на комунукации

inel_solar.PNG

-Инел Интернационал воведува и иновативни решенија во работата?

Д.С.....Нам ни престојат многу сериозни чекори во модернизацијата на мрежата за да ги достигнеме одредени параметри кои се зададени во агендата на ЕУ и директивите на ЕУ за 2020 година .Во одредени сегменти посебно прашањето на интернетот ние веке ги имаме достигнато .Меѓутоа сега е во подготовка ,нашите инжинери,стручни кадри, се во постојана обука,за воведување на таканаречените ИПВ 6-адресен простор, новина која ке овозможи многу други можности и индивидуална контрола на сите домашни уреди далечински од било каде, и било кој дел на светот.Како нус продукт на работењето на нашата фирма произлегоа и системите за непрекинато напојување со соларна енергија , и системи за соларна енергија кои не наоѓаат примена само кај телекомуникациските оператори туку и многу пошироко , за индивидуална употреба на било кој граѓанин во било која ситуација , за индустриските објекти како форма на производство на зелена енергија со тоа и еколошко ,да речам,позитивно влијание.Така да тоа е еден посебен исчекор ,не планиран,меѓутоа природно произлезен од нашето работење.И уште еден момент ,кој повторно произлезе од работењето на нашата фирма : Тоа е софтвер за менаџирање на кабелските системи кои после десетгодишен развој за потребите на нашата фирма стана еден од најпродаваните софтверски продукти од таа категорија на целиот Балкан.Ние со тој софтвер , а покрај софтверот и со инжињеринг услуги ,сервери, обука,продажба на инструменти ,обука за мерење,сме присутни во повеке држави, посебно во Црна Гора, Србија, Косово и се разбира во Македонија .Во Македонија на почетокот постоеше скепса .Нашите фирми прво се определуваа за да купат таков софтвер од Бугарија од Унгарија.Сега на меѓународните тендери ние ги добиваме работите, за што бевме позитивно изненадени.За нас беше пријатна констатацијата кога оперторите во Белград , се работи за големи оператори-поголеми од било кој наш македонски оператор, беа изненадени и рекоа дека се посебно среќни кога им доаѓа нешто неочекувано , а неочекувано е да дојде од Македонија ,и да е нешто врвно.

-Се оствари ли вашата почетна визија, сега по толку години ангажман во ова професија и фирмата Инел Интернационал?

inel_3.PNG

Д.С.....Овој бизнис и ова технологија немаат крај.Постојано мора да се надградуваат .Јас во шега се сеќавам на една моја погрешна констатација дека ;Кога ке го видам поставен последниот столб на нашата мрежа на излезот на Ваташа кон Моклиште дека тоа ке значи еден крај . Но тоа беше буквално почеток на сосема нешто ново , се покри градот со мрежа,па од тоа произлезе интернетот,па дигиталната телевизија,фиксната телефониј,и нема крај.Потешкотии во најголема мера се по прашањето на изградба на инфраструктурата и дозволите на локално и државно ниво.Немаме отпор, но имаме потешкотии бидејки законската регулатива е таква да е потребно многу време за реализирање на одреден проект, несватливо долга процедура која понекогаш трае со години.И тоа на одреден начин е неразумно бидејќи нема инвестиција која нема да ја прегази времето за две или три години додека се испроерктира да не речам веќе се промениле условите .Ако се обезбедат материјали, тие материјали две - три години да бидат на залиха можат да станат нефункционални.Тоа е веројатно најголемиот проблем со кој се соочуваме.И тука веројатно државата треба и ке преземе мерки.Ние имаме сугестии за поедноставување на процедурата .Без тоа развојот ке биде доведен во прашање.Тоа е заклучок и на меѓународни анализи и ангажирани компании за анализа на телекомуникацискиот простор и пазар во Македонија.Тоа една од големите пречки, без оглед што постои регулатива ,која е доста сложена, и не до крај дефинирана ,осебно со електронскиот катастар,кога се јавуваат дополнителни проблеми. И тоа се работи кои треба да се решаваат во од, ама многу побрзо, се во интерес на инвеститорите кои се спремни да вложат но некогаш се обесхрабрени од самата постапка.

-Инел Интернационал вработува 34 инжинери, техничари,и друг претежно млад кадар.Имате ли потреба да се проширите,дали како фирма работите компактно ?

Д.С.....Ние како фирма многу вложивме во едукацијата.Имаме , јас сметам ,одличен кадар, и високостручниот кадар и техничарите кои се под будно око на нашите инжинери, се во една фаза на постојана обука.Ние сега спремаме наш мини училишен центар , каде инжинерите ке имаат постојана едукација , а техничарите и останатите ке имаат едукација заеднои со административниот кадар.Тие се лицето на нашата компанија кои морат во првиот контакт со граѓаните да дадат и стекнат доверба.Ние фунционираме како еден.Постојано се дружиме.Голем број од вработените се и приватно долгогодишни пријатели , некои и по повеќе од 10,12 години.Минатата година имавме прва прилика на сите оние кои се во Инел да им подариме по еден скромен дар-рачен часовник,за сеќавање за 10 години поминати во Инел Интернационал и за нивниот проидонес за изградбата на фирмата.Нашиот максимум не сме го постигнале.Ние имаме и други идеи.Тоа што можам да кажам е дека сме спремни напорно да учими и работиме и тоа веројатно ќе дава резултати.

Марјан Димитров