Ова мерка важи за откупени количини од 12 до 30 јуни.Министерот за земјоделство Љупчо Николовски се сретна со овоштарите во Росоман
Министерот за земјоделство Николовски денеска се сретна со овоштарите во Росоман кои втор ден протестираат порани немањето на пласман и ниските цени за килограм праски. Во изјава за медиумите тој соопшти дека десетина дена во рамки на министерството се решаваат “проблеми кои биле над единаесет години”. Ги спомена ненаправениот редовен попис, блокираната исплата на субвенции, блокадата од АД Водостопанство, која скојдневно се прават обиди за да се надмине. Министерот ја повтори одлуката да им се помогне на овоштарите и рече дека сериозно ќе се размислува и ќе се разговара и за сите други барања на овоштарите. Рече дека прават вончовечки напори за решавање на сите отворени прашања и одблокирање на сите блокирани процеси
-И праќам последни апели затоа што веќе е започната постапката и за смена на раководната структура во АД Водостопанство затоа што и тоа што денес го слушам од луѓето тука е токму непрофесионалниот однос и функционирање на оваа институција низ Македонија. Не само што е проблем со исплатата на субвенции којашто со сите напори ја надминуваме и сметам дека што поскоро ќе продолжиме , имаме проблем којшто е суштински овде со пуштањето на системот за наводнување и со водата, тоа е нешто недозволиво и за тоа мора одговорност да има и тоа е едно од причините во нашите анализи заради ваквиот квалитет на праската, рече министерот.
Тој се осврна и на исплатата на штетит од неповоните временски услови.
-Иако во минатите години месеци се зборуваше дека за климатските неповолни настани коишто беа 2015, 2016, 2017, сто проценти ќе биде исплатата, дека се било завршено дека само што не била исплатата, ништо претходната влада нема превземено, не за да се утврди процентот на исплатата, лага е дека е утврден со некоја одлука процент на исплата од 100%. Туку не беа ни внесени во програмите на министерството на владата основите како тие луѓе ќе бидат исплатени. Како може вие се месеци да не внесете основ како дополнителна мерка со којашто ќе може да се изврши исплата а ваму ги лажете луѓето дека требало да бидат исплатени? Ние започнавме со решавање на проблемите со тоа што за 2016 и 2017 година првин ја сменивме програмата во којашто внесовме дополнителна мерка средство како основ за исплаќање на штетите и таа постапка ќе продолжи и понатаму, нагласи Николовски.
Тој додаде дека за измрзнувањето од оваа година ништо од работата не е завршена во делот на штетите.
-Ниту постојат записници во министерството, ниту се стигнати од подрачните во рамки на министерството записници врз основа на коишто ќе се прави проценката на штетата. И ние овие десетина дена решаваме проблеми односно правиме притисок внатре и во рамки на институциите и во рамки на подрачните единици се со цел тоа што морало да биде направено со месеци не е направено. Сакам да кажам дека ниту апликацијата за аплицирање на земјоделците за оваа година, не беше пуштена. И ние сеа во моментот овие неколку часа го решаваме и тој проблем се со цел да можат земјоделците да аплицираат за субвенции и затоа токму на Влада и го продолживме рокот да биде до 15 септември. Сакам да кажам дека не може веќе со оваа категорија на граѓани на државата да се манипулира, не може секојдневно со политички прес конференции да се шират лаги, манипулации и да се продолжи таа пракса да со оваа категорија се манипулира. Проблемите треба системски да се решаваат, рече министерот.
Новата Влада, додаде, целосно ќе се насочи во тој правец, ама со оваа категорија на граѓани мора, додаде, силна и цврста поддршка за вистинско решавање на проблемите.
-Проблемот е и со наводнувањето со системот за вода, што 30 дена е подоцна пуштена водата, проблемот и лагите се дека е завршена целата постапка за исплата на штетите. Ниту се внесени како мерки во програмата од страна на досегашната преходна власт ниту е утврден износот ниту се направени проценките ниту ги имаме записниците во рамки на министерството и тоа е една работа за којашто јас и мојот тим сега се насочуваме овие неколку дена да ја забрзаме постапката. И за 2016 и за 2017. Не за да се манипулира со луѓето туку навистина да ги завршиме сите постапки процедури и да им излеземе во пресрет, нагласи министерот.
Спорд него, најбитна за решавање на проблемот е веќе донесената одлука за која во најкус можен рок по враќањето на премиерот од Бугарија ќе се завршат сите правни формалности. Во владина процедура до Владата се доставени од министерството врз основа на анализи предлог односно промена на програмата со којашто се предвидува зголемување на дополнителната поддршка на 6 денари по килограм праска за онаа којашто ќе се откупува од 12 до 30 јуни. Дополнителната поддршка ќе биде 6 денари по килограм. Притоа за праската ќе треба да се исплати од откупувачите до 5 денари цена по килограм, значи станува збор токму за оваа праска којашто е во моментот проблем.
-Сметаме и убедени сме дека со оваа мерка од 6 денари го решаваме овој проблем во моментот. Владата е расположена, ние ги правиме анализите и врз основа на разговорите тука дали да се продолжи рокот и понатаму кои други сорти ќе бидат опфатени но сакам да кажам дека ние перманентно ги правиме анализите и во најсоодветен момент ќе излеземе во пресрет и во периодот што следи натаму се со цел да ги решаваме проблемите на луѓето, да го вратиме животот насекаде. Моментално со промената на програмата ќе имаме дополнителна поддршка којашто ќе стигне директно на производителите не на откупувачите директно на производителите со дополнителни 6 денари по килограм за целата праска којашто ќе биде откупена во овој период а е со ваков квалитет каков што е, нагласи Николовски.
Рече дека нституциите мора да работат во интерес на граѓаните не во интерес на политичките партии не мотивирани од одредени политички центри коишто досега имале обврска да ги решаваат проблемите на граѓаните имале обврска да пуштат апликацијата за земјоделците да аплицираат за субвенции имале обврска да ги направат записниците за штетите, имале обврска да ги направат проценките за штетите, но не ги направиле.
-Имале обврска не да ја блокираат исплатата на субвенциите него да ги забрзаат на редовна на времена исплата на субвенциите а не сега во првите ние неколку дена да се бориме да ги решаваме токму овие проблеми. Сакам исто така да демантирам дека има увоз на праска тоа е една бескруполозна лага пласирана од одредени поединци затоа што такво нешто во моментот и во последниот месец дена нема. Има некои петсто килограми увезена праска не од оваа сорта но тоа е некаде пред месец дена во овие дваесет дена нема никаков увоз на праска. Не смееме, апелирам, да се служиме со лажни информации со манипулации за да се наштети токму на интересот на земјоделците. Ние сме тука да ги решаваме проблемите и затоа кажав како министер во овие неколку дена како што сме внатре во министерството правиме вончовечки напори да сите блокирани процеси за сето она што е креирано како проблем внатре дали се работи за збор за исплата на субвенции, дали се работи збор за воведување на мерки за да може да се исплаќаат штети, дали станува збор за решавање на проблемите во водостопанството, или почеток на исплата на аплицирање за субвенции за наредната година, правиме вончовечки напори тоа што досега не било направено, тоа што во изминатите месеци се блокирало како процеси внатре на штета на земјоделците во овие десет дена да ги одблокираме, додаде Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.