Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=1512
    [QUERY_STRING] => id=1512
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 59656
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.14.246.52
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732489119.392
    [REQUEST_TIME] => 1732489119
)
95% од вкупното население во двете општини пие хигиенски исправна вода за пиење


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

За 5% или 2.142 жители водоснабдувањето е ризично, преку локални селски водоводи, природни чешми и бунари.Соопштение на ЈЗУ Центар за јавно здравје -Кавадарци

ЈЗУ Центарот за јавно здравје Кавадарци врши испитување на исправноста на водата за пиење како од градскиот водовод Лукар така и на сите останати водоводни објекти ( локални селски водоводи, чешми и бунари) во општините Кавадарци и Росоман.

​Во текот на овој период испитани се 279 мостри вода за пиење.

​Од 210 мостри се од Градскиот водовод Лукар (градска мрежа, стопански организации и села приклучени на градскиот водовод), и сите се како физичко-хемиски така и бактериолошки исправни односно водата е безбедна за пиење.

​Од селските локални водоводи земени се вкупно 48 мостри на вода за пиење. Од овие мостри вода 12 се бактериолошки исправни бидејќи истите се земени од селски водоводи кај кои се врши хлорирање на водата. Останатите 36 мостри кај кои не се врши дезинфекција на водата покажуваат висока бактериолошка неисправност односно од нив 34 се бактериолошки неисправни или 94.4 %.

​Кај останатите 27 мостри земени од други водоводни објекти (природни чешми и бунари), водата покажува висок процент на бактериолошка неисправност од 85.2%.

​Кај бактериолошките неисправни мостри на вода се изолирани бактерии индикатори на фекално загадување, најчесто Ешерихија коли и Колиформни бактерии предизвикувачи на цревни заразни заболувања, додека физичко-хемиската неисправност е поради тоа што кај најголем број на локалните водоводи не се врши хлорирање на водата.

​Ваквата состојба се повторува скоро секоја година, затоа што овие селски водоводи се оставени на Месните заедници кои поради немање на материјални средства, не вршат нивно одржување.

Од предходно изнесеното се заклучува дека градот Кавадарци, селата приклучени на градскиот водовод Лукар и села со локален водовод каде се врши хлорирање на водата со вкупно 40 740 жители или 95% од вкупното население во двете општини , редовно се снабдуваат со хигиенски исправна вода за пиење, додека кај 5% или 2 142 жители водоснабдувањето е ризично, преку локални селски водоводи, природни чешми и бунари.

​Препорака од ЦЈЗ е „ Да се изврши асанација на сите локални селски водоводи и да се спроведе редовно дезинфекција односно хлорирање на водата за да се добие безбедна вода за пиење и кај ова 5% население“.