Кандидат на градоначалник на Неготино на ова партија е Златко Пенков, а на Росоман Стојанче Лазов
Бизнисменот Митко Јанчев-сопственик на компанијата „Кожувчанка„ е кандидатот за градоначалник на Општина Кавадарци на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори кои ке се одржат на 15 октомври годинава.Денеска ВМРО-ДПМНЕ, на последниот ден на истекот на терминот за пријавување на кандидатите во ДИК ја објави листа на 38 кандидати за градоначалници од ова партија за претстојните Локални избори.
Инаку подолго време во јавноста се вртеа неколлку имиња како мкжни кандидати од ВМРО-ДПМНЕ за денеска напладне ја јавноста да и биде соопштен кандидатот Митко Јанчев.Тој кој е роден 1981 година.Сопственик и управител на ДПТУ „Кожувчанка“ од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија. Тој функцијата управител ја превзема на своја 23 годишна возраст, по ненадејната смрт на неговиот татко кој е основач на компанијата „Кожувчанка“. Јанчев во своето 13 годишно раководење со компанијата има постигнато голем број успеси за развој на компанијата, а тоа го говори фактот дека „Кожувчанка“ ДОО се наоѓа помеѓу 100-те најуспешни компании во државата. Член на управниот одбор на Стопанска комора на Република Македонија, како и Претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци. Митко Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот "Гоце Делчев"- Штип, а Магистерските студии ги завршува во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.Познат по својата хуманост и борба за општествена одговорност. Поддржувач е на голем број спортски настани и спортски клубови, како во Кавадарци, така и низ целата држава. Дава поддршка и на многу културни и уметнички настани, а придонесува и во развојот на медицината.Јанчев е особено горд на привилегијата- Претседател на иницијативниот одбор за изградба на црквата "Света Петка" во Кавадарци .