Меѓународниот фестивал на детски песни „Гроздоберче 2017 „-ги воодушеви гледачите и слушателите.
на 10 и 11 ноември се одржа Меѓународниот фестивал на детски песни „Гроздоберче 2017“.21 година заедно не е мала работа,што е обврска повеке да се одржи темпото и затоа сите настојувања на организарот беа на висина на таа задача-да се задржи нивото на квалитетот.Во тоа се успеа благодарение на добрите композиции, текстовите и малата нота на локалпатриотизам,чии песнички измамија аплауз на отворена сцена.
Изведбата на нашите солисти беше беспрекорна, песните имаа прекрасна кореографија,одлична сценографија, а кај дел од изведбите беа направени повеке напори за целиот впечаток на сцена да биде поголем.Четирите гостувања на песни од фестивалите „Златна Пахуља„,-Рожаје, „Деца певају-хитове„-Ковин, од Гевгелија, и песна и изведувач од ланскиот фестивал„Гроздоберче„ и кореографски игри на наши деца изведувачи и гости од други градови, ја направија вечерта разиграна и весела како детската душа.
Салата на Домот на културата„Иван Мазов Климе“-целосно исполнета и двете вечери.Родители, баби,дедовци,пријатели, комшии,соученици на изведувачите, сите беа на едно место-за да се погледне настапот на нивниот фаворит.И беше навистина убаво.А продукцијата беше збогатена со 19 нови детски песнички.
РТК.МК, ке издаде ДВД од настапот на Гроздоберчињата 2017 година.