На старт од танцовата сезона, Tанцовиот спортски клуб „Линеа“учествуваше на меѓународен танцов шампионат во Софија, Р. Бугарија. Ангела Јовановска се натпреваруваше соло во дисциплина: спортски латино танци, категорија од 12-15 години и го освои високото второ место.
-„Напорната работа, на крај, секогаш ни носи големо задоволство и награда за трудот!- вели нејзиниот тренер Лазар.
Инаку Ангела Јовановска е родена 2007 година во Кавадарци. Со танцување започна на свои 6 години во Танцовиот Спортски Клуб Линеа од Кавадарци, под раководство на тренерот Лазар Соколов. До сега, таа има постигнато големи успеси на многу настапи, државни и меѓународни натпревари. А, за тоа сведочат и нејзините високи награди, признанија, пехари и медали, кои се своевиден доказ за нејзиниот огромен труд, љубов и пожртвуваност во танцот.
За успесите на Ангела, од големо значење е и несебичната и искрена поддршка на нејзините родители, која е клучна за напредокот и развојот на секое дете.
На Ангела, останува да и посакаме уште многу успеси на танцовата сцена и афирмација во светски рамки.
м.д.